ЕУ: Постигнат договор за ембарго на увоз на руска нафта до крајот на 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел постигнаа договор за ембарго за увоз на руска нафта со бродови до крајот на годината, во рамки на санкциите против Русија поради нападот на Украина.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нешто пред полноќ објави дека на состанокот во Брисел е постигнат договор за забрана на увоз на руска нафта.

„Ова веднаш се однесува на повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, што го прекинува значителен извор на финансирање на руската воена машинерија“, напиша Шарл Мишел на Твитер.

Слични содржини