ЕУ: Референдумот во Република Српска нема законска основа

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Зс  Брисел  референдум во Република Српска за нелегален.

ek

Европската унија соопшти дека вчерашниот референдум во Република Српска – еден од двата составни регионот на Босна и Херцеговина, нема законска основа, посочи портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич. Според неа денес Брисел  ги повикал институциите во Сараево да ги решат сите свои отворени прашања со регионот во рамките на постојното законодавство и да се воздржат од дејствија кои би можеле да предизвикаат ескалација на тензиите. “Референдумот во Република Српска нема законска основа, бидејќи Уставниот суд на Босна и Херцеговина одлучи да ја поништи одлуката, додека не се донесе одлука за законитоста на референдумот.

Додик: Република Српска е држава и во неа ќе има нови референдуми

Таа анкета не може да ја  промени крајното и обврзувачкат  одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Ние очекуваме и  ги охрабруваме институциите во земјата да ги решат сите свои отворени прашања преку постоечката законска рамка и преку конструктивен дијалог. Важно е за сите страни да се воздржат од активности кои можат да ескалираат, а Босна и Херцеговина треба да се посвети на реформите во економската и социјалната политика, кои ќе ја приближат кон ЕУ “, рече Коцијанчич.

На вчерашниот референдум во Република Српска 99% од гласачите го поддржаа предлогот 9 јануари да биде празник на Србите во Босна и Херцеговина, кое претходно беше отфрлен од Уставниот суд.

Слични содржини