Евакуирани две неподвижни лица од пожар во прилепско

од Vladimir Zorba

Денеска околу 14.00 часот, по добиена пријава во ОВР Прилеп дека во с.Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото.

За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, соопшти МВР.

Слични содржини