Еве КОГА Е ВРЕМЕ да ги проверите антителата по приемот на втората доза на вакцината

од Stefanija Kuzmanovska

Ја примивте втората доза на вакцина и кој е следниот чекор? Тестирање на антитела? Но, кога треба да одите на тестирање и кои вредности се добар показател? Тоа се прашуваат и оние кои примиле вакцина и оние кои планираат да се вакцинираат, а одговорите ги дава д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија (ИНЕП) во Србија, пренесува „Пинк.рс“.

– Вредностите зависат од тоа кој тест се изведува. Во нашата земја, ситуацијата е следна: референтната вредност е 15. Вакцините инаку развиваат серолошки одговор како сериозно болни ковид пациенти во природна инфекција. Повеќето луѓе имаат вредности повисоки од 60 по втората доза на вакцината. Најголем број луѓе имаат вредности од 90 до 120 – објаснува д-р Марија Гњатовиќ и посочува дека е важно да се следи колку ќе траат овие антитела.

– Велат дека овој имунитет трае од шест месеци по приемот на вакцината на Фајзер до две години по приемот на кинеската вакцина Синофарм – додава докторката, а еве кога треба да се направи тест за антитела по приемот на втората доза.

– По две недели или подолго – додека на прашањето колку се разликува нивото на антитела по приемот на првата и втората доза, таа вели:

– Тие се прилично различни, а тие разлики се разликуваат од една до друга вакцина. Интересно е што оној кој имал антитела, може да прими и една доза од вакцината затоа што вредностите кај тие луѓе значително скокаат дури и по првата доза. Природната инфекција е како првата доза на вакцината – рече д-р Гњатовиќ.

Слични содржини