За досега издадените 4 еврообврзници Македонија за камати има исплатено или треба да плати сума од 334, 7 милиони евра.Доколку владата не отстапи од одлуката на мегународните финансиски пазари да се задолжи со нови 650 милиони евра, од касата годишно ке се двојат уште 35 милиони евра или дополнителни 350 милиони евра за период од 10 години, информира Телма.

evra_paricki (1)

Дали Македонија со издавање на ваква рекордно тешка еврообврзница влегува во финансиски ризик прашуваат економистите критикувајки, дека власта не води сметка за економијата туку правејки обид за предизборна корупција опасно го зголемува јавниот долг.Во мноштвото дилеми едно е јасно, дека земјата ќе биде вовлечена во круг на задолжувања бидејки парите кои мора да се плакаат само за камати се над остварениот економски раст а уште подалеку од растот планиран за оваа година.
Берзанските инвеститори очекуваат каматата за новата еврообврзница да биде најмалку 5,5 % бидејки со себе носи поголем ризик а тоа се долга политичка криза,зголемен дефицит, замрзнување на мисијата на ММФ, повлекување на дел од средствата од ИПА фондовите и очекување за намален економски раст од 2,3 %.

Токму овие фактори според нив ке ја направат новата еврообврзница претешка за економијата.Освен 650 милиони што должникот во овој случај Владата ќе треба да ги врати во цел износ во 2026 година,ќе плаќаме годишна камата од околу 35 милиони евра, со што вкупното задолжување за период од 10 години ќе биде над 1 милијарда евра. Јавниот долг ќе надмине 5 милијарди евра а секој македонец ќе должи по фантастични 2500 евра.

Првото задолжување на странските пазари беше во 2005 година кога владата на СДСМ позајми 150 милиони евра.За камата од буџетот годишно се исплакаа околу 7 милиони евра или за една декада речиси 70 милиони евра,а основниот долг се искачи на повеке од 219 милиони евра.
Следните три еврообврзници ги издаде владата предводена од ВМРО ДПМНЕ.Иако нивната вкупна вредност беше 945 милиони евра,со камати долгот се искачува на една милијарда и 580 милиони евра.Највисок износ за камата треба да се исплати за еврообврзницата земена во 2014 година или 139 милиони евра плус главницата.

Задолжувањето на мегународните пазари што во 2009 год го направи тогашниот министер Трајко Славевски беше на износ од 175 мил евра, а за каматата се плакаа над 17 мил евра годишно.Тоа значи дека до нејзината целосна исплата, државата од касата платила над 60 милиони евра.Парите беа земени откако агенцијата Стандард и Пурс поради влошената ликвидност, го намали кредитниот рејтинг од инвестициски на шпекулативен.
Четвртата обврзница власта ја издаде пред само 8 месеци.Наместо првично бараните 500 мил евра ,таа тежеше 270 милиони.Треба да се исплати во целост до 2020 година а дотогаш ке плакаме годишна камата од 13 мил евра или речиси 66 милиони еврa.

Утре претставниците на владата преку роуд шоуа ја почнуваат потрагата по инветситори за петата еврообврзница.Поради случувањата во земјата,дел од кредитните агенции најавија дека ќе го намалат рејтингот, па дел од економистите тука ја препознаваат намерата на власта, брзо да се задолжи пред намалениот рејтинг да ја зголеми каматата на обврзницата.Од 2008 година досега вкупното ниво на задолженост од 2 милијарди порасна на 4,3 милијарди евра а во тој период се реализираше освен проектот Скопје 2014 и почетокот на работите на новите автопати,не беше изграден ниту еден голем објект во енергетикатa./Извор Телма

Слични содржини