Европа и САД им „забија нож во грб“ на украинските војници, не можат повеќе да напаѓаат

од Stefanija Kuzmanovska

Откако републиканците во американскиот Конгрес го стопираа новиот пакет воена помош за Украина, од првите борбени редови пристигнуваат извештаи за се потешката ситуација во која се наоѓаат украинските војници. Поради недостаток на артилериски гранати, Украинците мора внимателно да се бранат од напади, користејќи муниција само кога сигурно ќе го погодат непријателот.

Проблемот е што на украинските војници им треба повеќе муниција отколку што нивните западни сојузници моментално можат да обезбедат. Ако оваа ситуација продолжи, Украина можеби повеќе нема да може да го запре рускиот напредок и може да ја изгуби војната.

Украинските власти тврдат дека добиле помалку од една третина од вкупно еден милион артилериски гранати што ЕУ вети дека ќе ги обезбеди. Членките на ЕУ ѝ ветија на Украина на 20 март дека ќе обезбедат еден милион нови артилериски гранати во рок од 12 месеци. Меѓутоа, во ноември германскиот министер за одбрана Борис Писториус призна дека „нема да се достигне еден милион“ до дадениот рок.

Минатото лето, САД се согласија да ја испратат контроверзната касетна муниција во Украина поради недостиг од артилериски гранати од 155 мм, кои се користат во копнените артилериски системи на Украина.

Украински оператор со беспилотни летала на јужниот фронт изјави за Би-Би-Си дека бројот на напади од украинска страна драстично се намалил во последните месеци.

„За време на екот на контраофанзивата, па дури и пред само неколку месеци, односот меѓу рускиот и нашиот артилериски оган генерално беше 1:1 или повеќе во наша корист. Сега истрелуваме по еден проектил на секои четири, пет руски проектили“, изјавил тој.

Залихите за старата советска артилерија, кои користат различни видови гранати, исчезнуваат уште побрзо од залихите на западните артилериски гранати. Залихите на муниција испратена од сојузничките земји се речиси потрошени, а производството на нова е ограничено, предупредуваат украинските војници.

Една добра вест за Украина е тоа што Сенатот и Претставничкиот дом во четвртокот одобрија нацрт-закон за одбрана од 886 милијарди долари.

Слични содржини