Европската агенција за лекови ПРОТИВ итното одобрување на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska

Европската агенција за лекови (ЕМА) предупреди денеска дека е против избрзаното одобрување на вакцините против ковид 19, откако Велика Британија даде вонредно одобрување за експерименталната доза на компаниите „Фајзер“ и „Бајонтек“.

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против ковид 19, преку вонреден, забрзан процес.

Во соопштението на ЕМА се посочува дека нивната подолга постапка за одобрување на вакцините е поадекватна бидејќи се заснова на повеќе докази и потребни се многу повеќе проверки отколку вонредниот процес што го избра Лондон.

„ЕМА смета дека условното маркетиншко одобрување е најадекватниот регулаторен механизам во сегашната ситуација“, се потенцира во соопштението и се забележува дека во рамките на таа постапка, до 29 декември ќе се донесе одлука дали вакцината „Фајзер“ ќе биде одобрена

Питер Лисе, германски член на Европскиот парламент, имаше сличен став затоа што смета дека Велика Британија избрзано ја одобрила вакцината.

Според регулативите на ЕУ, ЕМА мора да ја одобри вакцината „Фајзер“, но членовите можат да користат итни постапки што им овозможуваат да бидат дистрибуирани на домашниот пазар.

Слични содржини