Европски престолнини на културата за 2028 година – Скопје, Ческе Будјејовице и Бурж

од Radmila Tasevska

Титулата европска престолнина на културата во 2028 година, покрај Скопје и Ческе Будјејовице од Чешката Република, ќе ја понесе и градот Бурж од Франција.

Според правилата на Европската комисија, во 2028 година три града ќе ја носат титулата европски престолнини на културата, односно два од ЕУ (еден град во Чешка, еден во Франција) и еден град од земја надвор од Европската Унија, од земја членка на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

Бурж е третиот град кој е прогласен за европска престолнина на културата во 2028 година, а информацијата ја објави претседателот на жирито Росела Тарантино. Други француски градови кои беа во конкуренција со Бурж беа Руан, Монпеље и Клермон-Феран.

Ческе Будјејовице, беше избран претходно, а на 20 септември официјално беше избран и Скопје за престолнина на културата за 2028 година од земја надвор од Европската Унија. Во финалниот избор конкуренција на Скопје му беше градот Будва.

Титулата европската престолнина на културата носи значителни економски и туристички придобивки и има за цел да го стимулира културниот туризам преку организирање изложби, фестивали и изградба на музеи.

Слични содржини