Евровизија 2020: Џејмс Њумен е претставникот од Велика Британија

BBC одлучи оваа година да го смени досегашниот начин на избор на претставник. Претходните години, британските песни ги бираа гледачите на телевизиско натпреварување, а оваа година, во соработка со дискографската куќа BMG, британскиот јавен сервис интерно го одбра претставникот.

Џејмс Њумен е кантавтор кој стои зад многу платинести изданија, добитник е на БРИТ награда за сингл во 2013 година, а бил номиниран и за греми.

Автор е и на композицијата Blame која ја изведува неговиот помлад брат Џон Њумен во соработка со диџејот Калвин Харис. Песната, освен во Велика Бритнаија, беше прва на музичките топ-листи во Холандија, Шведска, Норвешка и Мексико.

Њумен соработувал со Ед Шеран, Тони Брекстон, а како пејач е забележан во песнта Therapy во соработка со познатиот холандски диџеј, Армин ван Бјурен.

Зад песната My Last Breath со која Њумен ќе ја претстави Британија, стојт Ед Друет, Адам Аргаљ и Ијан Џејмс.

Британија, на Евросонг учествува од 1957 година и има забележано пет победи. Последен пат победиле во 1997 година.

Слични содржини