ФА покрена обвинение против Јунајтед

од Vladimir Zorba

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го обвини Манчестер Јунајтед за однесувањето на играчите за време на дербито во Премиер лигата со Ливерпул.

Станува збор за ситуацијата во првото полувреме кога по еден дуел меѓу Давид Де Хеа и Вирџил ван Дајк, дојде до гол за домашната екипа. Тогаш фудбалерите на „црвените ѓаволи“ му се приближија на главниот судија Крег Поусон, барајќи голот да не биде признаен поради фаул над нивниот голман. По ВАР интервенцијата, голот беше поништен.

Според ФА во овој случај, фудбалерите на Јунајтед не се однесувале пристојно, а клубот бил одговорен за тоа. Од засегнатите играчи, само Де Хеа доби жолт картон за неговиот протест.

Екипата на Оле Гунар Солскјер на крајот ја загуби битката на „Енфилд“ со 0:2.

Слични содржини