Фановите уверени: Симпсонови го предвиделе коронавирусот

Фановите на Симпсонови веруваат дека аниминарната серија го предупредила светот за коронавирусот пред повеќе од две децении.

Како доказ ја наведуваа епизодата од серијата од 1993 година, во која се работи за вирус наречен Осака Флу, кој се шири во Спрингфилд, откако жителите порачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој го пакувал блендерот во кутии во Јапонија, се разболел и случајно го пренел вирусот во САД.

Кога блендерите стигнале во Спрингфилд, повеќето од жителите се разболеле.

Фановите на Твитер масовно ја споделуваат епизодата велејќи „Симпсонови повторно успеаја“.

Слични содржини