Фатен затвореник кој денеска избегал од „Шутка“

од Nikola Popovski

Денеска (11.02.2023) во 14.20 часот на ул.”Маџари”, на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје.

За него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во населбата Шуто Оризари.

Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Слични содржини