Фејсбук се заканува дека ќе ги отстрани вестите од платформите во САД

од Stefanija Kuzmanovska

Мета, во сопственост на Фејсбук, се закани дека ќе ги отстрани вестите од своите платформи доколку Конгресот на САД усвои нацрт-закон кој има за цел да им олесни на новинските организации да се договараат колективно со компании како Гугл и Фејсбук.

Извори запознаени со ова прашање велат дека пратениците размислуваат да го додадат Законот за заштита на конкуренцијата и новинарството во годишниот нацрт-закон за одбрана што мора да се усвои, како начин да и помогнат на локалната информативна индустрија.

Портпаролот на Мета, Енди Стоун, на Твитер сподели дека компанијата ќе биде принудена да размисли за отстранување на вестите доколку нацрт-законот биде усвоен „наместо да почнува преговори одобрени од владата кои неправедно ја игнорираат секоја вредност што ја даваме на вестите преку зголемен сообраќај и претплати“.

Тој додаде дека предлогот не признава дека издавачите и радиодифузерите ставаат содржина на платформата бидејќи, како што рече, „тоа им користи на нивните резултати, а не обратно“.

News Media Alliance, група која ги застапува издавачите на весници, го повикува Конгресот да ја додаде одредбата во нацрт-законот за одбрана, тврдејќи дека „локалните весници не можат да си дозволат да издржат уште неколку години употреба и злоупотреба од страна на големите технолошки компании, и времето да се преземе акција истекува.“

„Ако Конгресот не дејствува наскоро, ризикуваме да дозволиме социјалните медиуми да станат де факто локалниот весник н Америка“, велат од групата.

Повеќе од дваесет групи, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, Јавното знаење и Здружението за компјутерска и комуникациска индустрија, во понеделникот го повикаа Конгресот да не го одобрува предлог-законот за локални вести, велејќи дека тоа ќе „создаде несовесно антимонополско ослободување за издавачите и радиодифузерите“.

Сличен австралиски закон, кој стапи на сила во март 2021 година по разговорите со големите технолошки компании доведоа до кратко повлекување на вестите на Facebook во земјата, што во голема мера функционираше, се вели во владиниот извештај.

Откако стапи на сила Кодексот за преговори за медиуми, различни технолошки фирми, вклучувајќи ги Мета и Алфабет, потпишаа повеќе од 30 договори со медиуми, компензирајќи ги за содржината што генерира кликови и пари за реклами, се додава во извештајот.

Слични содржини