Федерер ќе игра на „Ролан Гарос“

од Vladimir Zorba

Швајцарскиот тенисер, 39-годишниот Роџер Федерер, на социјалните мрежи во неделата објави дека има намера да настапи на годинешниот „Ролан Гарос“, кој треба да се игра од 30 мај до 13 јуни.

Федерер, исто така, најави дека во рамките на подготовките за „Ролан Гарос“ ќе настапи на АТП турнирот во Женева од 16 до 22 мај.

„Со задоволство ве известувам дека ќе играм во Женева и Париз. Ќе тренирам дотогаш. Едвај чекам да играм повторно во Швајцарија”, објави Федерер на Твитер.

Поради две операции на коленото, Федерер играше на само еден турнир од минатогодишниот Австралија опен, минатиот месец во Доха, каде се пласираше во четвртфиналето.

Слични содржини