Федерер: Нема да се предомислам, одам во пензија

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од најдобрите светски тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер, потврди дека дефинитивно одлучил да стави крај на својата играчка кариера, пренесува NBC.

Федерер неодамна објави дека претстојниот Лејвер куп ќе биде последниот турнир во неговата кариера, а потоа ќе се пензионира.

„Дефинитивно завршив со професионално играње тенис. Не планирам да се предомислам во иднина и евентуално повторно да одиграм некој турнир. Завршив со играњето тенис“, изјави Федерер.

Слични содржини