Федерер се повлече од Ролан Гарос!

од Vladimir Zorba

Швајцарецот Роџер Федерер шокираше со одлуката да се повлече од Ролан Гарос! Тој се реши на ваков чекор поради проблеми со коленото, откако во минатото имаше две операции и неговото тело едноставно не може да издржи на толку напор.

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ имаа проектиран дуел во четвртфиналето на турнирот во Париз, но тоа нема да се случи бидејќи повредата на Швајцарецот го спречи на тој пат.

Федерер го победи Германецот Доминик Кепфер по голема борба во четири сета, со резултат 3:1, и се пласираше во осминафиналето, каде требаше да се сретне со Беретини, а ден подоцна даде изјава.

„По консултација со мојот тим, решив да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото, над една година на рехабилитација, многу е важно да го слушам моето тело. Не сакам да се присилувам толку брзо на патот кон закрепнување. Одлично е што победив на три натпревари овде во Париз, одлично е чувството да се биде повторно на теренот“, рече Федерер во изјавата.

Организаторите на Ролан Гарос исто така се огласија и рекоа дека им е жал што Роџер Феререр се повлече поради проблеми со повреди и посакаа да го видат и следната година.

Слични содржини