Ферари создаде респиратори за болниците

од Nikola Popovski

Тимот на Ферари денеска соопшти дека развиле респиратор за болниците кои се борат со пандемијата на коронавирус.

Тимот од Формула 1 изјави дека тие направиле уред кој е лесен за употреба во соработка со италијанскиот Институт за технологија.

Респираторот, како што се додава, е дизајниран за само пет недели и може да се произведе со употреба на лесно достапни материјали по пониска цена од вообичаените респиратори, пренесува АП.

Респираторот е дизајниран да ги задоволи типичните барања за средна интензивна нега.

Слични содржини