Филипче: Ќе побарам дополнителни мерки, уште има собирање во групи

од Aleksandar Todeski
221 прегледи Фото: Борче Поповски

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес конференција во владата посочи дека на владина седница ќе предложи дополнителни мерки за справување со коронавирусот.

Фото: Борче Поповски

„Разговаравме за дополнителни мерки кои би требало да се спроведат со цел повеќе да се почитуваат донесените мерки, бидејќи и покрај мерките, одлуките и апелите, се уште има собирање во групи. На попладневната владина седница ќе бидат дискутираните мерки“, рече Филипче.

Вчера владата донесе мерка сите оние кои не ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, истите да се спроведуваат на местата кои ги има определено државата.