Филипче: Ќе се повтори јавната набавка за респиратори, во моментов имаме доволно машини

од Aleksandar Todeski
223 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче најави повторување на јавната набавка за респираторни машини, откако претходната беше откажана поради тоа што ниту една од фирмите не можела да ги испорача доволно брзо, колку што е потребно да се донесат во земјава.

Фото: Борче Поповски

„Има доволен број респиратори, има 120 респиратори, а близу 85 машини се во Скопје. Во моментов има само една пациентка на респираторна машина. Сметаме дека резервата треба да се надополни, ќе се повтори јавната набавка“, рече Филипче.

Министерот вчера најави дека ќе предложи оваа набавка да ја спроведе владата, а во меѓувреме од Кина треба да пристигнат 100 респиратори како донација за земјата.

Слични содржини