Филипче: Мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19.

„Близината со бебето и навремениот процес на доење, помага за добар развој на бебето. Од Комитетот за доење посочуваат дека согласно препораките на СЗО и УНИЦЕФ, мајките треба да ги дојат своите бебиња и доколку имаат Ковид-19, бидејќи придобивките го надминуваат ризикот од зараза“, вели Филипче.

Слични содржини