Полицијата зема обврска да посочува на оние кои се собираат во големи групи на луѓе, да укажува. Во оваа состојба и 10 луѓе се многу, нека седат луѓето дома, нека не се шири вирусот, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју на НоваТв.
„Анализата и овие задолженија од владата кои се одлуки, ќе бидат санкционирани луѓето што не почитуваат, но најголема одговорност имаат луѓето. Важно е да видиме и друго искуство, па да видиме дали луѓето што се во Италија не ги почитуваат мерките. Непридржување до мерките, без разлика дали е за физичко или правно лице значи загрозување на здравјето на граѓаните и тоа треба да се санкционира“, вели Филипче.
Тој посочи дека во текот на утрешниот ден ќе биде дискутирано да се преземат мерки и за моловите, бидејќи тие во моментов работат до 22 часот, по нормално работно време.
„Ќе ја користам секоја можност да го кажувам најбитното нешто, да седат луѓето дома. Спремни сме да се донесат порадикални мерки ако не се почитуваат мерките, можно е и целосно затворање на кафулињата и рестораните“, истакна Филипче.
Тој посочи дека не е исклучено ниту затворање на границите, додавајќи дека од денеска забрана за влез во земјава на странски граѓани од високоризичните земји. Вели, се што треба да се преземе за спречување на вирусот, ќе биде преземено.