308
Министерот за здравство, Венко Филипче најави заострени мерки во деловите каде што не се почитуваат мерките на владата.
„Мерките се солгасно степенот на ширење на вирусот. На денешната влада ќе предложам заострување на одредени мерки, особено каде што е регистрирано непочитување. Свесен сум дека оваа ситуација го смени животот, дека луѓето се соочени со страв. Стравот е емоција, но не треба да биде ирационален. Таа изолација е начинот да се стави крај на инфекцијата“, рече Филипче.
Тој нагласи дека во битката учествуваат сите граѓани и дека нема простор за политички поени. Додаде дека треба сите да помогнат да се надмине оваа светска здравствена криза.