Филипче: Пациентите ги откриваме во рана фаза, многу земји колабираа зошто ги откриваа во подоцнежна фаза

од Aleksandar Todeski
395 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција посочи дека олеснителна околност е што пациентите со коронавирус досега се откриваат во рана фаза.

Фото: Борче Поповски

„Пациентите во нашата земја се во пораст. Сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран и дека е добро што пациентите се откриваат во рана фаза, бидејќи во многу земји здравствениот систем колабира зошто се откриваат пациенти во подоцнежна фаза“, рече Филипче.

Тој истакна дека сите граѓани во државата треба и мораат да придонесат оваа криза со коронавирусот да се надмине.

 

Слични содржини