Филипче: Закажувањето тестирања преку матичните лекари дополнително ја олеснува работата

од Aleksandar Todeski
272 прегледи

Матичните лекари дополнително ќе ја олеснат работата, бидејќи преку Мој термин ќе може да закажуваат тестирања за коронавирус кај сомнителните случаи, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

„Луѓето кои биле во контакт со заболените комуницираат со лекарите, дури и матичните со алгоритмот ќе можат да видат дали некој е заболен или не. До сега исконтактирани се сите луѓе на кои им е земен тестот, некогаш поминуваат 24 часа, некогаш помалку за да ги добијат резултатите. На било кого не може и не мора да се земе брис, мора да има некакви епидемиолошки индикации“, рече Филипче.

Филипче потсети и дека по епидемиолошките карти се следи ситуацијата и дека сите лица кои биле во контакт со заболените или се вратени од странство се изолирани, а по 14 дена кај оние кај кои е потребно, се врши тестирање.

Слични содржини