Финска од полноќ ја затвора границата за руските туристи

од Stefanija Kuzmanovska

Финска од полноќ ја затвора својата граница за руски туристи, соопшти денеска владата на земјата.

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто на прес-конференција изјави дека границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски граѓани, пренесе „Ројтерс“.

Наредбата за делумна мобилизација во Русија предизвика протести низ Русија, апсења на демонстранти и заминување на руски граѓани од таа земја.

Слични содржини