Флорида се подготвува за најголемата евакуација од 2017 година поради ураганот Милтон

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Американската држава Флорида се подготвува за најголемата евакуација на населението од 2017 година поради бурата Милтон, која доби сила на ураган додека се движеше низ Мексиканскиот Залив кон западниот брег на Флорида.

Синоптичарите прогнозираат дека Милтон, кој од тропска бура се засили во ураган во неделата, ќе падне на копно во среда наутро, кога најверојатно ќе ја погоди областа во близина на густо населената област на заливот Тампа на западниот брег на Флорида, објави американскиот Национален центар за урагани со седиште во Мајами, пренесе Ројтерс.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис предупреди дека бурата Милтон може да зајакне и да предизвика прекин на електричната енергија за поголем број жители отколку што ураганот Хелена предизвика пред десет дена во неколку американски сојузни држави, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џозеф Бајден нареди распоредување на уште 500 војници за справување со последиците од ураганот Хелена, со што бројот на воениот персонал достигна 1.500.

Администрацијата на Бајден одобри федерална помош од 137 милиони долари и вети поголема помош бидејќи се предвидува дека штетата од ураганот Хелена ќе достигне милијарди долари.

Американските држави Северна Каролина, Флорида и голем дел од Јужна Каролина се уште се опоравуваат од последиците предизвикани од ураганот Хелена. Повеќе од 200 луѓе загинаа во шест американски сојузни држави во ураганот Хелена, што го прави најсмртоносниот по ураганот Катрина во 2005 година, koj уби речиси 1.400 луѓе.

Слични содржини