Фоњини едноставно не се предава (видео)

од Vladimir Zorba

Италијанецот Фабио Фоњини освои интересен поен при победата со 6: 7 (5), 7: 5, 6: 2 против учесникот со „вајлд карта“, бразилецот Томас Белучи во натпревар од првиот круг на турнирот во Рио де Жанеиро.
Ставениот под бр.5 Фоњини го испушти за миг ракетот при извршување на сервис, но реагира светкавично брзо и дури успеа да го освои поенот.

Уште поинтересно беше дека предметното одигрување беше при сет топка за Фоњини во вториот дел – 6:5, 40:30.

Фонини губеше со 0:4 во вториот сет и беше многу блиску до пораз, но направи пресврт и се избори за победата, а во следната рунда ќе игра со сензационалниот 1/4-финалист на АО 2018 Тенис Сандгрен (САД).

Слични содржини