Формула претстави нов календар со осум трки во Европа

од Vladimir Zorba

Формула 1 денска го објави новиот официјален календар за сезоната 2020 година, која беше одложена поради пандемијата од коронавирус, а која започнува на 5 јули со трка во Австрија.

Според овој нов календар, првите осум трки ќе се одржат во Европа помеѓу јули и септември.

Втората трка ќе биде организирана и во Австрија на 12 јули, по што следат унгарското Гран При на 19 јули, потоа ГП на Велика Британија на 2 и 9 август, шпанското ГП на 16 август, потоа ГП на Белгија на 30 август и конечно италијанското ГП на 6 Септември.

Слични содржини