Мајли Сајрус повторно лета на крилјата на љубовта, а новата партнерка на скандалозната пејачка е ангелот на Victoria’s Secret Стела Максвел .2b27cd07b4a504cd8b45bdbeaf8ac263

Двете веќе не ја кријат својата врска и ја користат секоја слободна минута, за да се оддадат на милувања. Затоа не е изненадување што пејачката и моделот беа “уловени” да се бакнуваат на јавно место.

Од кадрите се гледа како 22-годишната Мајли, која неодамна призна дека всушност е бисексуална, ја прегрнала 24-годишната Стела и двете страсно се бакнуваат.

Љубовната акција се развива за време на една од паузите меѓу снимањата на новиот спот на Сајрус во Холивуд.

Музичката ѕвезда и ангелот, за кои се тврди дека се во интимни односи неколку месеци, се запознале преку заеднички пријател Чејни Томас.

Во последно време Стела ја придружува Мајли насекаде – од Лас Вегас до Тексас и двете се неразделни.

Претходно оваа година пејачката се раздели со Патрик Шварценегер , а пред неколку години беше свршена за Лиам Хемсворт .

Во галеријата може да најдете пикантни фотографии од Mајли Сајрус и Стела Максвел.

Слични содржини