Вчера вечер (16.08.) Бритни Спирс беше прогласена за стилска икона, барем според наградите Teen Choice. Музичката ѕвезда се качи на сцената во Лос Анџелес и со радост го прими своето признание.eb8195bd9c3f8b508755288fa9c028f8

Дали сепак пејачката заслужува ваква награда, иако одредена од тинејџерите? ИЗгледот на Бритни отсекогаш бил контрадикторен, како во некои моменти ѕвездата дури да шокира со премногу “старомодниот” начин на облекување.

Всушност Спирс никогаш не спаѓала во какви и да е листи за стил, туку токму спротивното. Дури и за самата церемонија пејачката беше избрала премногу краток и премногу гол во градите, фустан од есенската колекција на Mikael D.

Во стилот на тинејџерството сепак Бритни успешно решила да ја бојадиса косата во неколку различни бои – руса, зелена и виолетова . Мораме да признаеме дека, сепак, во моментов ѕвездата е во една од најдобрите форми и телото ѝ изгледа повеќе од одлично, се сеќаваме на многу полоши периоди од минатото.615438b621087a829f0fead1f816c3e5

Во однос на стилот сепак – навистина ли Бритни Спирс е икона? Пресудете сами.

Слични содржини