ФОТО: Почна лидерската средба

од Vladimir Zorba

Почна лидеркста средба на повик на Претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно. На средбата која дојде откако С. Македонија не доби зелено светло за почеток на преговори со Европската Унија, освен за моменталната ситуација, ќе се разговара и за предврмени избори кои ги најави премиерот Зоран Заев.

На лидерската средба кај Пендаровски разговараат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и лидерот на БЕСА, Билал Касами.

По средбата, се очекува да се знае датумот кој лидерите го договорила за предвремените парламентарни избори. Потоа, премиерот Заев разговорите ќе ги продолжи во партиското седиште на СДСМ со коалиционите партнери.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини