(ФОТО) Се огласи портпаролот на Владата: Лажна вест е набавката на џипови во вредност од 1,5 милиони евра

Од Владата денес на официјалниот профил на Твитер се огласија и објавија за нова лажна вест.

Имено, станува збор за информација која е пласирана на медиум, а говори за тоа дека Владата на С.Македонија набавила пет џипови марка Мерцедес Г-класа во вредност од 1,5 милиони евра.

„Ова е #ЛажнаВест. Владата никогаш не објавила ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“, стои во објавата на профилот Портпарок на Влада на социјалната мрежа Твитер.

Слични содржини