ФОТО: Целосно изгоре куќа во Скопје

од Берта Китинска

До темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопска Кисела Вода. Информацијата вечерва ја објави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски.

-Добив потресна вест, каде што домот на мојот сограѓанин Тони Атанасовски е опожарен до темел.Траорна ситуација, тажна и далеку потресна.Во наредниов период сите хумани сили ќе ги насочиме кон негова помош.Повторно ќе го изградиме домот на Тони. Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме!Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно!, напиша Атанасовски.

Слични содржини