Франција најави испорака на оклопни возила и проектили за Украина

од Nikola Popovski

Франција ќе и испорача на Украина стотици стари оклопни возила и нови ракети земја-воздух, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни.

Во интервју за „La Tribune Dimanche“, тој рекол дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал од него да подготви нов пакет помош што ќе вклучува стара, но сепак функционална француска воена опрема по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

„Украинската армија мора да брани многу долга линија на фронтот за која се потребни оклопни возила. Ова е апсолутно клучно за мобилноста на војниците и е дел од барањата на Украина“, потенцирал Лекорни.

Тој додал дека Франција се подготвува да ѝ испрати на Украина нови ракети земја-воздух Астер 30 кои можат да пресретнат воени авиони, беспилотни летала и крстаречки ракети на домет од 120 километри.

Француската армија постепено ги заменува илјадниците свои оклопни воени возила кои беа во служба со француските вооружени сили од 1970-тите, наведува Ројтерс.

Слични содржини