Франција подготвена да ја нападне Сирија во случај на употреба на хемиско оружје

од desk2

Началникот на Главниот штаб на оружените сили на Франција, Франсоа Леконтре изјави дека неговта војска е подготвена да нападне цели во Сирија во случај на употреба на хемиско оружје во северната покраина Идлиб, јави Ројтерс.

Францускиот генерал очекува дека терористичката ирганизација Исламска држава ќе престане да постои во Сирија и во Ирак до крајот на годината.

Последните денови ситуацијата во Сирија стана се понапната.

Портпаролот на министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков изјави дека, според независни извори, терористите подготвуваат провокација за да го обвинат Дамаск за употреба на хемиско оружје против цивили во Идлиб, наведува Спутник.

При тоа, шефот на Пентагон, Џејмс Матис рече дека САД активно ја разгледуваат можноста со Русија за спречување можна употреба на хемиско оружје во Сирија.

Судбината на Идлиб може да биде позната по состанокот на челниците на Иран, Турција и Русија што ќе се одржи во петок во Техеран.

Слични содржини