Франција замрзна 22 милијарди евра во сопственост на Руската Централна Банка

од Milan1

Француските власти ги замрзнаа средствата на Банка Русија во вредност од 22 милијарди евра, како и сметките и имотот на поединци кои се под санкции на западните земји, изјави денеска францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер.

„Ги замрзнавме средствата на Руската Централна Банка во вредност од 22 милијарди евра. Ги замрзнавме и средствата на сметките на физички лица во француските фирми во вредност од 150 милиони евра“, изјави министерот Ле Мер за радио РТЛ.

Францускиот министер за финансии додаде и дека е замрзнат имот со вкупна вредност од половина милијарда евра во сопственост на околу 30 Руси на француска територија.

Слични содржини