Француска пита со сливи

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

За тесто:

– 200 гр брашно

– 200 гр путер

– две лажички шеќер

– прстофат сол

– ванилин шеќер

– пет лажички ладна вода

За полнење:

– 500 гр сливи

– 150 гр шеќер

– 50 гр бадеми

– 1 лажичка цимет

За премачкување:

Една белка од јајце

Подготовка:

Замесете го тестото. Измешајте брашно, сол, шеќер и ванилин шеќер и додадете путер исечен на коцки.

Додадете путер во брашното, додадете вода и формирајте топка. Не мора да месите предолго бидејќи тестото не мора да биде совршено мазно. Направете топка со раце за подоцна полесно да се расука. Завиткајте во проѕирна фолија и ставете во фрижидер половина час.

За тоа време подгответе го полнењето. Во блендер ставете шеќер и бадеми, а сливите исечкајте ги на парчиња. Шеќерот, бадемите и циметот измешајте ги со сливите. Доколку се многу сочни додадете малку брашно за да го впие вишокот вода.

Расукајте го тестото во круг, а во средината ставете го филот со сливи. Оставете неколку сантиметри празен простор на секоја страна. Преклопете ги празните краеви врз тестото.

Се премачкува со белка и се става во рерна загреана на 180 степени, да се пече околу 30 минути.

Слични содржини