Францускиот уставен суд го поддржа новиот закон со кој се бара од граѓаните да имаат здравствена дозвола за пристап до барови и ресторани, а здравствените работници да се вакцинираат против „Ковид 19“ до средината на септември, сметајќи дека тоа е во согласност со највисокиот државен акт.
Уставниот суд, сепак, поништи неколку одредби во законот. Неуставно е да се примени задолжителниот десетдневен карантин и да се проверат сите лица кои се позитивни на тестот, пренесе Ројтерс.
Исто така, беше проценето дека, иако работодавачите можат да ги суспендираат здравствените работници и работниците од првата линија кои одбиваат да примат вакцина против ковид или покажат докази за негативен тест – тие не можат да ги отпуштат.
Законот треба да стапи на сила на 9 август. Претседателот Емануел Макрон го воведе во јули бидејќи делта-варијантата на коронавирусот го предизвика четвртиот бран на зараза.
По повод неговата одлука, Французите организираа масовни протести.