Французин парично казнет затоа што излегол за време на карантин да претепа некого

од Stefanija Kuzmanovska

Французин кој излегол за време на викендот со соодветна писмена потврда за напуштање на домот, како што е пропишано поради карантин, е казнет со неколку стотици евра, бидејќи причина за неговото излегување било да претепа некого.

39-годишниот маж се криел зад автомобил на железничката станица во Ланион, мало место на западот на Франција во околу 1.00 часот откако полициската патрола го забележала.

„Тој рече дека чека некој за да го претепа“, рече командантот на локалната полиција, додавајќи дека носел некаков алат со сечило. Командантот на полицијата рече дека човекот имал соодветна писмена потврда за напуштање со точното време на напуштање на домот, но тој на жаргонски јазик навел дека оди „да скрши нечиј нос“.

Осомничениот бил приведен накратко затоа што бил во алкохолизирана состојба.

Тој излегол трезен следниот ден со казна од 135 евра за потврда со причина за напуштање која не е валидна.

Добил друга казна од 150 евра за пијанство на јавно место.

Полицијата додаде дека неговиот случај сè уште не е решен затоа што тој мора да биде одговорен за поседување ладно оружје.

Слични содржини