Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може. Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени. Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите, изјави Јон Фрчкоски, член на раководството на СДСМ.
-Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот. До кого доаѓаме? Кој стои зад овој објект? И како е поврзан со Орце Ѓорѓиевски? Инвеститорот е фирмата „Нар Инвестмент“ зад која стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник на на ВМРО-ОКГ. Близок до Орце Ѓоржиевски, кој беше ангажиран и како адвокат во општината Кисела Вода кога Орце беше градоначалник.
Како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија? Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ. Ако се погледнат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70.000 денари – рече Фрчкоски.
Тој додаде дека СДСМ бара итна, независна и темелна истрага за целиот случај, проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето…