Фрлете поглед како изгледа Кијану Ривс како Нео во „Матрикс 4“ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Новиот дел на „Матрикс“ се снима во Сан Франциско, а Кијану Ривс, кој е ѕвезда на овој серијал, е забележан облечен во јакна, фармерки и носи распуштена коса.

Многумина мислат дека Нео нема да биде вратен во матриксот и дека главната тема ќе биде приказната за човечкото незнаење дека машините ги користат нивните тела како извор на енергија.

Како што наведуваат АБЦ7 Њуз, ова е првпат од 2003 година да го гледаме Кијану во легендарната улога на Нео.

„Матрикс 4“ исто како и „Џон Вик 4“ излегува на 21 мај оваа година. И во двата филма главната улога ја носи токму Кијану Ривс. Во него се враќаат Кери Ен Мос и Џада Пинкет Смит, а како нови имиња се приклучуваат Џесика Хенвик и Нил Патрик Харис.

Слични содржини