396
Фудбалерот на Јувентус, Матејс Де Лихт е третиот играч на торинскиот клуб кој е заразен со коронавирус во последните седум дена.
Како што соопшти денес Јувентус, холандскиот фудбалер е во изолација.
Неговите соиграчи Алекс Сандро и Хуан Куадрадо го пропуштија натпреварот против Милан во средата поради коронавирусот, во кој црно-белите победија со 3: 1.
Де Лихт го одигра целиот натпревар против Милан.
Јувентус во недела ќе игра на домашен терен против Сасуоло во Серија А.