Функционерите на СДСМ тврдат дека добиле покана, од РФМ се оградуваат

И покрај забраната за публика, на вчерашниот дуел помеѓу С.Македонија и Данска во рамки на квалификациите, на трибините беа забележан директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и неговиот брат спротивно на протоколите присуствуваа на натпреварот.

Пратеникот Каевски и градоначалникот Темелковски за а1.он кажале дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија, но генералниот секретар се оградува од упатување било каква покана. „Како федерација апсолутно и максимално ги почитуваме сите здравствени протоколи и превентивни мерки. Јас како генерален секретар на РФМ се оградувам од упатување каква било покана“, кажал Милошоски за А1он.

Слични содржини