Галант тврди дека ИДФ ја пробиле одбраната на Хамас во градот Газа

од Radmila Tasevska

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ја пробиле одбраната на Хамас околу градот Газа, од север и од југ.

Како што јави Тајмс оф Израел, тој рекол дека армијата ја контролира надземната област на северот на Газа, особено во градот Газа.

– Ја овластив армијата да продолжи да напредува и денеска и во наредните денови за да ги заврши задачите. Нема да има безбедно место (за Хамас) додека не ја завршиме нашата мисија и не ги вратиме заложниците, нагласи Галант.

Во врска со нападите на Хезболах од Либан врз северен Израел, Галант рече дека „безбедноста на жителите на северот и на жителите на југот е подеднакво важна“.

– Ќе знаеме што да правиме против секоја закана, изјави израелскиот министер за одбрана.

Слични содржини