Криси Тејган се разголи во нова, жешка фотосесија за списанието W (август / 2015). Изданието ги рангира 10-те најсекси супермодели во светот во социјалните медиуми и 29-годишната сопруга на пејачот Џон Леџенд е една од нив.f52688d966d2995288b04c89dc1becd1

Во елитната листа на изданието се вклучени уште Емили Ратајковски, Џоан Смолс, Роузи Хантингтон-Вајтли, Ирина Шејк, Лили Олдриџ, Бела Адид, Ана Еверс, Барбара Палвин и Дауцен Крос.

Секоја од ѕвездите снимила зачинета фотосесија за новиот број на весникот, а кадрите се дело на фотографите Мерт Аласан и Маркус Пиџо.

Само Криси се осмели да се разголи толку многу за фотографиите, но таа признава во интервјуто дека претпочита да позира гола, отколку во облека. Таа рече: “Најнепријатно ми е да бидам модел на палта. Всушност изгледам многу подобро со помалку облека. ”

Партнерот на Џејсон Стејтам – 28-годишната Роузи пак го објаснува за весникот следново: “Кога се фотографирам гола, секогаш имам чувство дека покажувам повеќе внатрешна сила.”

Зборувајќи за инспирацијата зад овој импресивен број, модниот директор на изданието Едвард Енинфул вели: “Со социјалните медиуми и нивната платформа за изразување, моделите почнаа да ја маѓепсуваат публиката на нови начини. Тие ги соблазнуваат фановите многу повеќе од било кога. Ние сакавме да ја истражиме темата за воајеризам, приватноста, цензурата и самоизразување преку социјалните медиуми. ”

Видете кои се другите жешки модели од рангирањето на списанието во галеријата.

Слични содржини