ГАЛЕРИЈА: На преполн плоштад во Скопје се дочека новата 2020 година

од Aleksandar Todeski

На преполнт плоштад, со концерт на балканската ѕвезда Дино Мерлин, граѓаните од целата држава, но и од регионот ја дочекаа новата 2020 година.

На неколкучасовната забава организирана од Град Скопје, пред Мерлин на плоштадот „Македонија“ граѓаните ги забавуваа и групите „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“.

Град Скопје најави дека за мега ѕвездата Дино Мерлин нема да платат ниту еден денар, односно дека неговиот хонорар ќе биде платен единствено од спонзорите.

Воедно, со овој концерт завршува и „Винтерленд“, или зимскиот град кој втора година по ред се организира на скопскиот плоштад.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини