(ГАЛЕРИЈА) Ријана ја претстави новата линија на кармини од својот бренд

од desk4

Ријана официјално е именувана како една од највлијателните ѕвезди во модата, бидејќи нејзините обожаватели купуваат тоалети што таа ги рекламира.

Пејачката ги објави своите збирки на Пума и Диор, а нејзиниот личен бренд Фенти ужива исклучителен успех.

Излегува дека, покрај влијателна личност во модата, Ријана исто така има и козметички тенденции. Пејачката дебитира и со вакви производи и таа е исклучително успешна.

Веднаш пред празниците, Ријана, исто така, ја претстави новата линија на кармини од својот бренд, тематски наречена “Mattemoiselle”.

Колекцијата содржи 14 различни нијанси кои се движат од зелена, темно сина до розова.

Цената на секој од нив е 18 долари, а линијата се истакнува со невообичаени и забавни нијанси како Clapback, Spanked и One of Boyz.

Се разбира, рекламното лице на новите производи е самата Ријана, која поставува нови трендови за сезонски кармини.

Слични содржини