Ѓаволско славје на „Стемфорд Бриџ“ ((ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во дерби натпреварот од 26.коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ над Челзи со 2-0.

Составот на Солскјаер поведе во финишот на првото полувреме кога Ван Бисака со одличен центаршут го пронајде Марсијал, кој со глава го матира Кабалеро.

Конечниот резултат го постави капитенот на „црвените ѓаволи“, Хари Мегваер во 66. минута.

Челзи постигна два гола, но ВАР им ги поништи, еднаш заради фаул во напад на Азпиликуета, а вториот заради офсајд на Жиру.

Манчестер Јунајтед има 38 бода и се наоѓа на 7. позиција, додека Челзи остана на 4. место со 41 освоен бод.

Слични содржини