Георгиевски: Го направив најпатриотскиот чин во однос на Бугарија

од Nikola Popovski

„Ја дадов оваа идеја за да излеземе од ќор-сокакот во кој се наоѓаме после бугарското вето, а како што гледам ништо посериозно не се случува во решавање на проблемот. Некои идеи се малку модифицирани и треба да тргнеме напред кон решавање на проблемот. Не заслужуваме ни 2 години да дискутираме и да изгубиме време, а не па 20 години со Бугарија“, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „24 анализа“.

Според него, тој од кога се пријавил на политичката сцена во 1980 година, крши табуа во Македонија.

„Јас го направив најпартиотскиот чин во однос на Бугарија. Со една најобична декларација, во која нема ниедна обврска кон Македонија, затворивме прашања кои што постоеја една деценија и ги почнаме добрите односи со Иван Костов, 1998 или 1999 година“, истакна Георгиевски.

Слични содржини