Георгиевски: На ВМРО-ДПМНЕ му требаше 5-6 години за да сфати дека е потребна коалиција со албанска партија

од Nikola Popovski

Кога јас бев претседател на партијата, на ВМРО-ДПМНЕ му требаше 5-6 години, мислам дека се случи на Конгресот во Кичево, за да сфати дека е потребна заедничка коалиција со албанска партија, вели поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, како партија во тоа време им било потребно зреење за да дојдат до таков став.

-Сега веќе скршен е мразот, како на пример СДСМ и БЕСА на претходните избори кога настапија заедно. Тоа е позитивна еволуција. Праксата во изминатите 30 гдини покажа дека после изборите нема Собрание без заедничко дејствување меѓу два партии од различен етникум. Ова денес сметам дека ќе влијае на намалување на националната реторика, ќе стане апсурдно, затоа што се во меѓуетничка коалиција, потенцира Георгиевски.

Слични содржини